„Чесно да се живее, никому да не му се наштети, секому да му се даде она што му припаѓа.“

Телефон

+38947241050

Тимот на Адвокатското друштво БОШЕВСКИ ја започнува својата адвокатска дејност во 2002 година како семеен бизнис на адвокат М-р. Ирина Ѓоргоноска – Бошевска и адвокат М-р. Митко Бошевски.

Уште од самиот почеток адвокатската канцеларија го заснова својот развој на почитување на темелните вредности и обезбедување на стручна, комплетна и лојална заштита на правните интереси на своите клиенти.

Основањето на Адвокатското друштво БОШЕВСКИ претставува плод и континуитет во вршењето на адвокатската дејност започната од страна на адвокат М-р. Ирина Ѓоргоноска – Бошевска и адвокат М-р. Митко Бошевски.

Формално – правно Адвокатското друштво БОШЕВСКИ се основа со решение на Адвокатската комора на Република Македонија во јануари 2015 година, како посебен правен субјект во согласност со Законот за адвокатурата.

Денес, Адвокатското друштво БОШЕВСКИ обезбедува широк спектар на правна помош и услуги во сите области на правото, раководејќи се од основните професионални и етички вредности, но, и од желбата за натамошен развој и докажување во сферата на своето делување.

Адвокатското друштво БОШЕВСКИ располага со сопствен и целосно опремен простор за вршење на адвокатската дејност во центарот на Битола и комплетна техничка опременост за квалитетно вршење на дејноста, а неговите стремежи се насочени и кон постојаност и натамошно усовршување, како на персоналниот, така и на техничкиот капацитет.